За време на летотo, терасите се претвораат во мала оаза за ужување. Поголемиот дел од растенијата кои ги чуваме внатре во домот се селат надвор. Опкружени со зелениот ѕид, пиењето кафе, коктел, или средбата со пријателите претставува вистинско задовлоство.
Зелениот ѕид не е штетен за околината, и создава чувство дека се наоѓате во прекрасна расцутена градина.
Кои се предностите на зелениот ѕид?
Покрај тоа што зелениот ѕид комплетно ќе го промени изгледот на вашата тераса и е идеално решение и за мали тераси, постојат и голем број други предности.

- На убав и декоративен начин придонесува за приватноста додека сте на тераса
- Заштитува од ветер
- Не бара посебно одржување
- Не зафаќа место
- Лесно се мести
- Може да се менува дизајнот